Скопје: Го прободел со нож во близина на срцето заради девојка

Настанот се случил вчера околу 12.30 часот во Скопје. Прободениот А.Ј. (24) од Скопје веднаш бил донесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски,“ каде му била констатирана убодна рана во пределот на грбот, во близина на срцето.

Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална караница за љубовна врска со некоја девојка. Лицето Е.Н.е осомничено за нанесена повреда.

Поради тешката телесна повреда 24-годишното момче е задржано за понатамошно лекување. Истиот се наоѓа надвор од животна опасност.

Коментари

Популарно