Хуманитарна акција: Подарета храна, добите кошула

Почитувани,

Ве покануваме да се вклучите во нашата следна хуманитарна акција ,,Подари храна и добиј подарок'' која ја организираме заедно со компанијата ,,Албатрос''

За таа цел отвараме пункт пред Веро Тафталиџе на 26 март 2017 (Недела) од 10:00 до 15:00 часот каде што секој граѓанин ќе може да донира храна која потоа ќе биде поделена на социјално загрозените семејства.

Со секое донирање на храна, компанијата Албатрос вам ќе ви подари кошула.

Целта на оваа хуманитарна aкција е подигнување на свеста кај граѓаните, развивање на својата хуманост, но и желбата да се помогне на другите, на оние кои имаат помалку или воопшто немаат.

Хуманоста е доблест. Секој може да биде хуман на некој начин

Коментари

Популарно