Ужасна сообраќајка во Скопје: Мотоциклист летал десетина метри по удар во полициско возило

Страшна сообраќајна несреќа се случила вчера во центарот на Скопје на раскрсницата на улиците „Димитрија Чуповски" и булеварот „Св. Климент Охридски“.

Според очевидците кои се нашле на местото на несреќата, мотоциклистот, кој удрил во полициско возило што вртело полукружно на раскрсницата, по ударот летал десетина метри над возилото.

Мотоциклистот со тешки телесни повреди веднаш со возило на Брзата помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Коментари

Популарно