(ФОТО) Само уште Сулејман и фали: Прекрасната Хурем ужива во апартманот на Цеца Ражњатовиќ

Познатата турска актерка Мерјем Узерли, во текот на минатиот викенд, престојуваше во Будимпешта, во апартманот на Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Заводливата Хурем која престојуваше во вип апартманот на хотелот “Aquaworld Budapest Resort” го носи името на српската ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Луксузниот хотел посебно ја воодушевило нејзината ќерка Лара, која допатувала со Мерјем во главниот град на Унгарија.

Преубавата турска актерка, популарната Хурем пред неколку години беше во овој хотел, и уште тогаш го најави своето повторно доаѓање.

Еден од најголемите европски затворени аква паркови и базени со термални води тогаш беа затворени само за Мерјем и нејзината екипа, а водената забава траела до доцна во ноќта …

Инаку, овој хотел е омилен меѓу туристите од Србија и регионот, поради својата содржина, а и многу српски ѕвезди својот одмор го поминуваат токму во овој хотел, па така чести гости се Сека Алексиќ, Гоца Тржан, Леонтина, Александра Радовиќ и бројни други пејачи, актери, спортисти …

Коментари

Популарно