ФОТО: Милена го покажа трудничкото стомаче

Водителката Милена Антовска, која во месец мај ќе го изговори судбоносното "да", веќе е во четвртиот месец од бременоста и вели дека е пресреќна што наскоро ќе стане мајка. Иако е во блажена состојба, атрактивната Милена тврди дека нејзините животни навики воопшто не се променети, а трудничкото стомаче едвај се забележува со оглед на тоа што е поприлично витка.

- Она што го практикував пред да останам трудна, го правам и сега, воопшто нема разлика. Се хранам здраво, внимавам што внесувам во организмот и сум поприлично активна. Единствено спијам малку повеќе од вообичаено и ноќните излегувања ми се сведени на минимум", откри Антовска.

Полот на бебето се уште не се знае, но водителката потајно посакува да роди девојче.

- Желба ми е да биде девојче, но што и да е, само да биде живо и здраво, тоа е најважно", заклучи Милена.

Коментари

Популарно