ФОТО: Српски автобуси каменувани на Косово

Повеќе од 60 автобуси со поддржувачи на Српската напредна партија се спречени да присуствуваат на митинг во градот Лепосавич и да му дадат поддршка на претседателскиот кандидат, Александар Вучиќ.

До инцидентите дошло на повеќе места јужно од Ибар, кога според медиумите, дел од автобусите со косовски Срби биле каменувани од припадници на движењето Самоопределување. Повеќе патишта од Ново брдо, Штрпце и Грачаница биле блокирани од локални жители и косовски полицајци, кои биле вратени назад.

Српските власти велат дека се работи за грубо кршење на човековите права и правото за слобода на движење. Српскиот премиер Вучиќ уште вчера соопшти дека нема да присуствува на митингот, зашто како што рече, не ги прифаќа уцените од Приштина. Собирот требаа да го одржат други претставници на неговата партија.

Коментари

Популарно