Научниците тврдат: Ако сте креативни голема е шансата да сте психопати

Личностите кои поседуваат уметнички вештини и таленти имаат многу поголеми шанси да бидат психопати, тврдат научниците од филипинскиот Универзитет Де Ла Сале од Манила.

Студијата под називот „Истражување на постсоцијалниот модел на психопатија на креативните личности: Докази од личностите и психофизиологија“, спроведена на 503 личности, поставила серија прашања на учесниците со цел да го утврди нивното однесување во однос на особините карактеристични за психопатијата, нарцизмот и макијавелизмот (способност за манипулација).

Научниците дошле до заклучок дека креативните личности имаат помалку емоционални воздржувања, туку покажуваат и степен на непочитување и поголема склоност да преземаат ризици за да дојдат до успех.

-Недостатокот на емоционална воздржаност, во форма на психопатска смелост, всушност е интегрален дел на поедини личности, наведуваат научниците.

Коментари

Популарно