Детали за необјавениот дел од порното на Ким Кардашијан - што друго правеле?

Кевин Блат е некрунисаниот крал на порнофилмовите на познатите. Има заработено милиони долари со продажба на порноснимките на Парис Хилтон, Колин Фарел и уште многу други.

Блат откри и како е снимен познатиот порнофилм на Ким Кардашијан и првпат објасни што има на делот кој никогаш не го виде јавноста.

Блат со своите изјави по сѐ изгледа на многумина им ги сруши илузиите бидејќи вели дека во 90% од случаите – порно-филмовите што се појавиле на интернет биле продадени од самите „актери“.

Бидејќи се претставува како единствен светски брокер на порнофилмови од познати личности, тој е одлично упатен во овој пазар. Неговиот прв успех бил во 2005 година кога по некоја случајност дошол до порноснимката на Парис Хилтон.

Многу поголемо внимание предизвика експлицитната снимка на Ким Кардашијан во 2007 година, која на Блат му ја понудил раперот Реј Џеј со кого Ким има секс во хотелската соба.

Блат тврди дека Реј Џеј му рекол дека зад сето тоа стои Ким, која по секоја цена сакала да се прослави и имала само една желба – да биде поголема ѕвезда од Парис Хилтон. Сепак, Кевин Блат тука не заработил многу бидејќи Џеј го прекршил усмениот договор кој го имале и видеото го продал на моќната продукција „Вивид“.

Инаку најпикантниот дел од оваа порноснимка, која не е никогаш јавно прикажана, е тоа што Ким и Реј имаат „Golden shower“. Кој не е сигурен што значи ова нека провери на Гугл.

Коментари

Популарно