Лепа Брена првпат прозборе за лошата болест: Се плашев дека ќе умрам!

Фолк дивата Лепа Брена досега немаше храброст да прозбори за стресот кој го преживеа пред неколку години кога и било кажано дека може да се разболи од канцер.

Пејачката првпат прозборе колку и бил стресен тој период и како го преживеала тоа.

За ова првпат зборувам. Во 2010 година имав операција на јајниците, Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да направам еден тест, на кој се покажа дека има големи шански да добијам рак на дојка. Тумор – маркер тогаш беше проширен и итно отидов на операција на циста на јајници. Секако, не кажав нипто за тоа, но беше стресен период за мене, изјави Брена.

Иако веднаш започнала да живее по новите правила, стресот бил голем, па досега пејачката немаше храброст да зборува.

Коментари

Популарно