(ФОТО) Која би ја оженил? Спејко ја откри разликата помеѓу Македонките, Хрватките и Србинките

Дарко Петковски Спејко, некогашниот победник на Големиот Брат, денес изгледа подобро од било кога, „заплива“ во музичките води, пишува блог и тврди дека парите сепак не му се најголема корист која ја добил од ова реално шоу.

–Не се парите најголема корист после повеќе од 100 дена престој во куќа. Тоа беше можност да ги тестирам сопствените способности. Се  впуштив во музичките води, па сега веќе имама две песни, а подготвувам и нов материјал“, кажал Спејако во интервјуто за српскиот портал Ноиз.

Тврди дека го сменил и личниот стајлинг како и дека бројни фанови на Големиот Брат можеби денес не би го познале да го сретнат на улица.

–Хрватките најмногу внимаваат како изгледаат и тие може да ме привлечат на прв поглед, но можеби се малку постудени од останатите Балканки. Најубави се Македонките. Единствено може да се вљубам во таа природна убавина, лојални се и традиционални и најмногу ги ценат вистинските вредности. Србинка би сакал да оженам. Тие исто така сакаат екстремно да водат грижа за својот изглед, амбициозни се, што мене најмногу ми одговара. Можеби е мана што повеќе локаат ракија во споредба со нас во Македонија, но тоа мис е допаѓа“, кажал Дарко.

Што се однесува до евентуални идни појавувања на телевизија, вели дека го привлекува учество во Срвајвер. Кој знае, можеби Дарко уште не завршил со реалните шоу програми.

Коментари

Популарно