ФОТО: Јелена Џокович ги „затна“ сите хејтери на Ноле

Кога Новак Ѓоковиќ беше најдобар во свет тогаш го воздигнуваа до небо, сега кога не е во најдобра форма и кога поминува низ тешки моменти и моменти на слабост, сето она добро се заборава и тргнуваат безмилосните критики.

Голем број на луѓе како едвај да го дочекаа овој момент и на интернет да почнат со негативни коментари и критики на сметка на исхраната Новак и избор на тренери, а многумина за неговите порази ја обвинуваат неговата сопруга Јелена која е 6- ти месец бремена.

Сепак, личноста која покажа дека и кога губи и кога победува Новак за неа е прв и единствен, и маж и спортист и човек, тоа е токму таа, Јелена Ѓоковиќ.

Додека корисниците на интернет се потсмеваа, правеа шеги, го критикуваа и го осудуваа, Јелена на својот Instagram профил објави фотографии од Ноле со опис: “Колку го сакам овој човек”

“Мојата љубов … Колку сум јас среќна”, стои во описот на другата фотографија на нејзиниот профил на Instagram, со која покажа дека, како и секогаш, таа е најголемата поддршка на нејзиниот сопруг, и кога губи и кога победува.
 

Коментари

Популарно