ФОТО: Ова се ќерките на Путин

Владимир Путин прв пат јавно проговори за ќерките на крајот на традиционалната годишна конференција.

Поранешниот КГБ-ов агент кој владее со Русија од 1999 година во оваа ретка прилика прв пат проговори јавно за своите ќерки, соочен со прашањата на новинарите на крајот на традиционалната годишна конференција.

Тој рече дека Марија Путина(32) и Екатерина Путина (31) живеат во Русија, но нивниот избор бил да се засолнат од очите на јавноста и политиката.

-Тие ги прават првите чекори во своите кариери и добро напредуваат.Не биле деца на ѕвезда, никогаш не уживале во камерите и рефлекторите вперени во нив.Тие само сакаат да го живеат својот живот-изјави харизматичниот Путин.

Путин ќерките ги добил во бракот со поранешната жена Људмила од која се развел 2014 година, иако постојат шпекулации дека со друга жена има уште една ќерка и син.

-Не само што живеат во Русија, тие никогаш не се образувале никаде надвор од својата земја. Горд сум на нив бидејќи продолжуваат да студираат и работат, а моите ќерки течно зборуваат три европски јазици-додал тој.

Иако тоа Путин не го потврди, медиумите пишуваа дека Марија завршила медициснки факултет во Москва. Марија наводно се омажила во 2012 година, а податоците за нејзината професија и приватен живот се строго чувана тајна на моќниот Русин, кој напросто не сака да влегува во детали или да ги открива на јавноста.

Другата ќерка Екатерина, својата приватност наводно успеала да ја заштити со користење на презимето Тикхамова, кое го зела од баба и. Таа е вработена на московскиот универзитет, каде работи како заменичка на проректорот. Дипломирала ориенталистика, после што ја продолжила кариерата факултетот, каде подоцна и се вработила.Омажена е за богат руски банкар, 33 годишнито Кирил Шамалов, чиј татко е дологодишен пријател на Путин. Таа е и акробатка.

Коментари

Популарно