Твитерџиите го препознаа Македонецот на плажа

Твитерџиите повторно се надминаа самите! Овој пат тема им е просечниот Македонец, како се однесува на плажа. Сите твитови на оваа тематика може да ги најдете на #МакедонецНаПлажа, а ние ќе направиме избор на само некои од нив.

@VlatkoVasilj #Македонец НаПлажа му се познаваат неисунчани ракави.

@FStojanovski1 На #Македонец НаПлажа воопшто не му е незгодно да го исплеска детето.

@profilot #Македонец НаПлажа мора да и се развика на жена му, да се знае кој е главен.

@statuscivitatis #Македонец НаПлажа оди во 6 сабајле за да го зафати најубавото место, постила крпа и после спие до 12 сигурен и среќен.

@TheFitzzz За #Македонец НаПлажа не постои институција “Корпа за отпадоци”

@m1ssy_ #Македонец На Плажа збори на телефон ко да не му е потребен за да го слушнат.

@Fidanovsky #Македонец НаПлажа вика: Сликај ме ама нека биде спонтано.

@Balija_ba Само на #Македонец НаПлажа може децата да му се пиштол голи. Ако имаат по 10 години.

@statuscivitatis #Македонец НаПлажа во Грција се сили дека ќе си ја облече маицата Фак Грис али жена му го разубедува.

@BianconeroIle #Македонец НаПлажа нема прочитано книга од 3 одделение, ама носи книга на плажа.

@m1ssy_  #Македонец НаПлажа уште само правосмукалка нема земено од дома.

‏@statuscivitatis #Македонец НаПлажа го емитира продавачот на ЛОКОМАДЕС ЛОКОМАДЕС!

@Art1ficialB Само #Македонец НаПлажа го мести другарот као за сликање, за да ја фати таа топлес девојка во позадина. Или некој добар гз.

@sinisa_goliOtok #Македонец НаПлажа ја става лубеницата во плиткото, да се лади!

@vikohyeah #Македонец НаПлажа ако е со кола се труди да ја паркира поблиску до брегот.

@Covek1 #Македонец НаПлажа е свртен со грб накај море и збори за политика со некој Србин.

@bozhino #Македонец НаПлажа: Немој во длабокото, ќе се удавиш па ќе треба да те тепам!

@El_Guaje___ #Македонец НаПлажа ќе го познаеш по тоа се бања со бела маица, оти е целиот изгорен.

Коментари

Популарно