Бракот заврши, но долговите останаа-Соња го плаќа кредитот на Лукас

Иако на сите ѕвона се фали дека има нова девојка од која не се одвојува, Аца Лукас се уште официјално е во брак со Соња. Како што дознаваат српските медиуми, нивниот развод нема да може лесно и брзо да се спроведе на дело, бидејќи Соња пред две години подигнала кредит во Германија од преку 500.000 евра како би ги исплатила долговите на Лукас.

Бидејќи станува збор за голема сума пари, таа морала да ја стави под хипотека куќата на нејзините родители во Дизелдорф, бидејќи кредитот го подигнала во германска банка. Сепак сите рати за кредитот досега ги плаќал Аца, па сега останува отворено прашањето на кој начин ќе се реши проблемот, кога официјално ќе се разведат, бидејќи кредитот треба да се исплаќа уште три години.

Коментари

Популарно