Почитувани гости, младенците се разделија, но вие сакате да продолжиме или не?

Младенците на свадба во Призрен се разделиле непосредно пред самиот почеток на свадбената прослава во еден угостителски објект, но тоа сепак не ги спречило сватовите да продолжат со веселбата.  Младата  брачна двојка се раздели на самиот ден на свадбата, во мигот пред да влезат во салата за прослави, која беше преполна со гости во очекување на младенците, објави порталот Албеу.

Според истиот извор, гостите ги очекувале младенците да влезат во салата, кога пејачот ги известил дека тие се разделиле, но и веднаш ги прашал сватовите дали сакаат да проджат со веселбата или не.

– Почитувани гости, младенците се разделија, но вие сакате да продолжиме или не?, прашал пејачот.

На ова, според порталот, сватовите гласно извикале: „Даааа!“.

– Вакви нешта се случуваат, а ние ќе продолжиме да се забавуваме, изјавил еден од сватовите и продолжил со орото, по принципот: „Море сум платил, има да играм, да се веселам до крај“!

Коментари

Популарно