ВИДЕО: Ја побарав за жена по порција ќебапи со многу кромид

„Пред само два часа се свршив со мојата љубов во  срцето на Сараево“, порача воодушевена Далила.

Победничката на „Парови“, Далила Мујиќ, објави на „Инстаграм“ дека нејзиното момче Дејан Драгојевиќ ја побарал за жена во Сараево и таа му одговорила „да“.

Далила опиша колку била шокирана кога Дејан среде улица паднал на колена и прашал дали сака да се омажи за него.

„Не можам да ви го опишам ова чувство. Пред само два часа се свршив со мојата љубов во срцето на Сараево. Немате поим колку беше спонтано, недостигаше секунда  да паднам во несвест. Ова навистина не го очекував.

Дојдовме на чешмата за да си кажеме еден на друг на цел глас пред камерите „те сакам“, за вие, нашите фанови, да ја имате и таа снимка од Сараево, како што ја имате од Белград. И оддеднаш пред камерите, шоу. За среќа, сè е снимено, па ќе можеме да го споделиме со вас. Морам да кажам дека од вечерва сум најсреќната жена на светот“, напиша Далила и додаде дека останала без текст кога го видела свршеничкиот  прстен.

Коментари

Популарно