ФОТО: Заев се поздрави со Трамп и му изрази подршка

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, посетата на Њујорк ја почна со присуство на настан организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Станува збор за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН.

„На средбата со претседателот Трамп изразив поддршка за неговата иницијатива преку декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“,  рече премиерот Заев по настанот организиран од претседателот Трамп.

Коментари

Популарно