Исповед на лесна девојка: Како од секс за една вечер, станав примерна сопруга

Блогерката Ребека Рид своето искуство со задоволство го споделила со читателите на еден британски портал.

"За почеток, јас сум мажена жена. Се верив на 24 годии, а се омажив на 26. Пред да го запознаам својот сопруг бев...малку кучка. Дефинитвно не бев светица, во таа категорија не припаѓав ни малку со моето однесување. Флертував, имав секс за една ноќ, редовен секс, излегував во разни клубови, се фотографирав гола и ги објавував фотографиите на Интернет. Потоа го запознав мојот сегашен сопруг. Тој вистински ми се допадна па сакав да бидеме пар. Па почнав да ја облекувам најпровокативната долна облека, фустани со длабоки деколтеа, флертував, му праќав знаци дека сум добра и издржлива во кревет и на крајот имавме секс."

Ребека објаснува дека заклучила дека нејзиното тогашно момче, односно нејзиниот сегашен сопруг е сега со неа бидејќи имале одличен секс и бидејќи таа одлучила тоа да биде така. Иако сексот не е единствениот начин за да придобиете некое момче, сепак оваа тактита е многу ефектна. Кога некој ќе ви каже дека ќе останете сами бидејќи менувате мажи многу често, Ребека вели дека се случува спротивното.

"Секој маж кој после секс нема да ве побара или изгуби интерес бидејќи веќе сте спиеле со него, не припаѓа во добар материјал за брак. Пристојните момци нема да "откачат" девојка бидејќи имале секс. Тие нема да ја дисквалификуваат бидејќи е "лесна".

Нејзиниот совет гласи: "И лесните риби завршуваат со среќен крај".

Коментари

Популарно