Жестока расправија за законот за јазици во Собранието

Во Собранието на Република Македонија се одвива продолжението на 15. седница, на кое точка на дневен ред е законот за јазици започна со жестока расправија помеѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од собраниската говорница изјави дека законот е против уставен и дека власта воопшто не го зема во предвид мислењето на граѓаните

– Вие од СДСМ сметате дека со резултатите од локалните избори можете да правите што сакате. Јасно е зошто овој закон го криете под превезот на европското знаменце, рече Лашкоска.

Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска на оваа изјава возрвати со реплика во која кажа Законот за јазиците е Уставен и дека е важно да се донесе бидејќи тоа остана единствен дел од Рамковниот договор кој не е реализиран.

– Граѓаните на избори кажаа што мислат за овој Закон. Доколку биде донесен овој Закон, македонскиот јазик нема да биде загрозен, рече Лазаревска.

Коментари

Популарно