(ФОТО) Миа Костова се отвори: Омилената поза за малку ќе ме чинеше да завршам на клиника!

Социјалните мрежи доколку не се злоупотребуваат можат да бидат од голема полза. Како создадени за комуникација во секоја пригода, од секое место и на било која тема, нив ги ползуваат сите… Од обичните луѓе до познатите и јавни личности! Таму тие некако полесно ја отвораат душата, ги искажуваат емоциите, убавите и грди нешта, пријатните и непријатни случки и искуства во животот!

Така и македонската ТВ водителка Миа Костова дебатирајќи со пријателките си ја отвори душата… За омилената поза, која за малку Миа ќе ја чинеше да заврши на клиника! На операција во болница! Ама ако помисливте дека се работи за… Неее… не е тоа во прашање. Во прашање се фотографиите и фотографирањето со мобилните телефони или таканаречените селфи пози!

„Имаат една поза за сликање младиве денес, ја ја имав истата далечната 2011 со дискусхернија на L4 L5. Пред операција бев“ – се пожали убавата водителка на својот Фејсбук профил, коментирајќи ги селфи и не само селфи фотографиите на многу познати и непознати девојки кои секојдневно осамнуваат на социјалните мрежи.

Арно ама бидејќи има разни пози, па некоја од пријателките не стигнала сите да ги проба, Миа мораше сликовито и „пластично“ да и објасни за која тоа фото поза се работи. Чисто од практични причини од здравствен карактер…

„Па не можам слика да ти стаам, нешто као прекршени у кичма у десно, демек г’зов пресекси и раката свиткана. Ја бев иста. На тродони“  –  експлицитна е во појаснувањето згодната водителката.

Затоа девојки, паметот во глава и внимавајте со тоа позите… Со оние за селфи, а и со оние – другите! Да не се „сецнете у кичма“!

Коментари

Популарно