Поранешната љубовница на Кеба со која има ќерка едвај крпи крај со крај - изјавата за фолкерот ќе ве шокира

Веројатно веќе ви е позната приказната за фолк пејачот Драган Којиќ - Кеба дека има вонбрачна ќерка која ја добил со Лилјана Јевремиќ. Токму таа дама овој пат откирва непознати детали за фолкерот. 

Кеба неодамна на пешачки премин со својот автомобил удрил девојка, а Лилјана вели дека фолкерот и од тоа ќе се извлече, како што вели, има обичај  проблемите да ги решава со помош на парите. 

Но, сепак таа се плаши Кеба да не замине во затвор и дека поради тоа нема тој да и уплаќа 300 ерва месечно со кои ја расте нивната ќерка. 

- Не ми е сеедно дали ќе заврши во затвор , на него срцето му е слабо, веројатно е голем шок било тоа за него.  Бев загрижена, ако заврши во затвор, кој ќе не издржува нас. Тој плаќа алиментација 300 евра месечно, што е малку. Не дај боже, може на секого да му се случи, но не смеел да дозволи да вози без дозвола.  Тоа е страшно, додала Лилјана. Нивната ќерка Ина денес има 18 години, но како Лилјана тврди не сака да го види нејзиниот биолошки татко поради сето тоа што го поминала со него. 

Коментари

Популарно