Знаци дека имаш недостаток на железо

 Светската здравствена организација предупредува дека 80% од населението во светот страда од недостиг на железо. Ако вие сте дел од останатите 20% – продолжете така. Но, ако сте дел од мнозинството – оваа статија е наменета за вас.

1. Постојано си уморен и немаш енергија – доколку заморот трае подолго од обично, време е да испиташ дали причината е недостаток на железо;

2. Жолтеникав, блед тен – хемоглобинот на твојата крв и дава црвена боја, поради која твојата кожа добива розов тен. Секое опаѓање на хемоглобинот предизвикува бледа кожа;

3. Главоболки и вртоглавици – мозочните артерии често пати потекуваат при недостаток на железо, што предизвикува силни главоболки и мигрени;

4. Неправилно отчукување на срцето – заради забрзаната работа на срцето можни се бројни срцеви проблеми, па затоа при првите нерамномерни отчукувања на срцето, консумирајте храна богата со железо;

5. Јазикот добива чудна боја – покрај тоа што јазикот ја губи старата боја, ниското ниво на железо го намалува количеството на крвни зрнца кои ги одржуваат здрави мускулите на јазикот;

6. Анксиозност и стрес – недостатокот на железо може да доведе до анксиозност. Заради недостатокот на железо срцето чука забрзано, па се чувствуваш напнато дури и кога немаш причина за тоа;

7. Силни менструални болки – изгубеното количество на крв нема целосно да се обнови доколку имаш недостаток на железо, па од тука потекнуваат менструалните болки проследени со замор.

Доколку страдате од еден или повеќе од овие симптоми немојте да ги игнорирате

Коментари

Популарно