Зоран Божиновски: Боки13 е ИЗМАМНИК!

Новинарот Зоран Божиновски во својот текс на kontrastav.press пишува за тоа кој бил Бојан Јовановски пред да стане претседател на „Меѓународен сојуз Скопје“ и дека сеуште должи пари, кои судот не може да му ги наплати. 

„Малкумина денеска се сеќаваат дека Бојан Јовановски во улога на БОКИ 13 направи (не)успешен обид да измами своја пријателка која му верувала, но не се стеснувала да го даде на суд. Пролетта 2007 година БОКИ 13 на крилјата на привидната слава, ја убедил својата пријателка, скопјанката Санда Перковска, дека е силно профитабилно во тандем да инвестираат по 50.000 евра, за организација на концерт на градски стадион Скопје, под наслов ,,13-ка за најуспешните,,. На себе преземал обврска да потпише договор со Оливер Драгојевиќ, Лепа Брена и Слатки Грех, Северина и Бијело Дугме. За да биде сигурна дека овие ѕвезди сигурно ќе дојдат на овој концерт, Санда Перковска на БОКИ 13 му исплатила според договореното 50.000 евра. Тој од негова страна никогаш не се ни јавил на Оливер, Брена, Северина и Бреговиќ за да проба да ги договори за настап, туку едноставно парите од Перковска си ги присвоил. Се подразбира дека тој иако со Перковска се договорил, не вложил ништо. Оливер, Брена, Севрина и Бреговиќ немале ни поим дека треба да пеат кај Боки и Санда во Скопје.

Откако сфатила дека е измамена, Санда Перковска го тужела Бојан Јовановски екс БОКИ 13. На суд го добила, пресудата од поодамна е правосилна, уште од 2009 година. Даден е на извршител кој од тогаш до денес не може да му наплати ниту евро. Банкарските сметки му се бликирани, а функционира ,,на црнко,, со кеш. Со правосилна пресуда Јовановски е обврзан на Перковска да и врати 50.000 евра, со домицилна камата сметана од 12. Април 2007 година, плус да ги плати тогаш досудените трошоци за постапка од 133.160 денари. Трошоците требал да ги надополни 15 дена после правосилноста. Се разбира дека ништо од ова не платил.“

Целиот текст на Зоран Божиновски можете да го прочитате со клик ТУКА

Коментари

Популарно