Трета среќа: Третиот маж, конечно ми се погоди!

Македонската фолкерка, Благица Павловска, конечно ужива во љубовата. Иако, можеби малкумина знаат дека таа е трет пат во брак, откако зад себе има две несреќни љубовни приказни, конечно сега е среќна.

„Доста ми е од сите разочараувања кои ги имав до сега, жената треба да има маж покрај себе кој вооедно ќе и биде и најдобар другар. Да живеам сама не можам, а и не сакам, бракот е убава работа, но само ако ти се погоди партнерот. Мене, најпосле по третпат ми се погоди, така што сега оној мојот препознатлив хит навистина доаѓа до израз. Речиси секое утро на мојот сакан ќе му го испеам тивко на увце рефренот „Не можам, душо, не можам без тебе’“, вели Благица Павловска, за Вечер.

Коментари

Популарно