Страшна приказна за Македонка која ја силувале двајца соседи!

Секоја (вистинска) приказна зависи најмногу од оној кој ја раскажува. овој пат тоа перфектно го направи Саша Јанчев на својот ФБ профил.

Еве што вели:

„ #СегаКажувам  Има една девојка која има двајца комшии кои цел живот ја малтертираат. Девојката има и судска пресуда дека е малтертирана од едниот комшија. И тоа ова не е обично лигавење, штипкање, туку садомазо штипање и тегнење со модрици и скршеници. Баткиве не сакаат да ја легнат, овие сакаат да се изживуваат на неа. Баткиве се и вратари во неколку дискотеки, а ко за беља се погоди да бидат вратари на една дискотека во која девојкава сака да оди. Желбата на девојкава за да влезе таму не е случајна. Девојкава има едно одбрано друштво кое долго време ја убедува дека моментално е ин ако се излегува баш во таа дискотеката и дека таму има можност за заработка. А друштвово, што да ви зборувам. Сите проблеми на девојкава они и ги направија. Ја испокрадоа и уште што не и направија. Овие вратариве (комшиите) не ја пуштаат девојката во дискотеката ни како гостин и отворено и кажуваат дека ако сака да влезе треба едниот да ја легне, а другиот орално да го задоволи. Од друга страна, баткиве и покрај пресудата секаде ја озборуваат дека таа нив ги малтертирала, крадела и им го нарушувала мирот. Девојкава делот со оралното си го заврши. Орален секс си доби оној против кого нема пресуда дека ја малтертира и тој сега и ветува дека се согласува да влезе, а отворено продолжува со малтертирањата. Така, девојката под притисок од обвинувањата и растргната меѓу желбата да влезе во дискотеката и гадостите кои мора да ги направи за да ја пуштат, доживеа душевно пореметување. И се случи тоа што го викаат Split или multiple personality disorder. Тоа е кога на една особа, личноста ќе и се подели во две или повеќе. Така сега едно сака и се однесува како едно лице, после друго сака и се однесува како тотално различно лице, а станува збор за едно исто лице. Во нејзиниот случај нејзината личност се подели на четири. Сега е како во неа да живеат четири различни индивидуи. Пострашен случај од Голум од Lord Of The Rings. Првата личност во неа забега во една крајност. Зборува дека нејзините предци биле светски кралеви, дека првите христијани биле од нејзината фамилија, во библијата ги пишувало. На кратко, приказната е дека светот почнал со нејзината лоза и дека сега светот се врти околу неа и дека неа треба да ја молат за да оди во дискотекава. Другата личност во неа пак забега во друга крајност. Таа смета дека не што треба да легне со вратарите, ами треба да им даде да ја врзат во некој подрум и цела вечер што сакаат тоа да и прават само да ја пуштат во дискотеката. Демек тоа е жртва која мора да ја даде. Двете се во постојан судар. Третата личност се доживува себеси како некој кој не прави жртва ако легне со вратарите ама ја нервира тоа што првите две ја кочат за во дискотека. Четвртата пак нешто мрмори ама првите три не ја ставаат на ум. Ех, само да може да сфати девојкава дека друштвото не и чини, се ќе биде добро. А дискотеката, дискотека ко дискотека, не е крај на светот да не си дел од неа. Всушност, девојката има и познаници кои не одат во дискотеката и не што се ин, туку и баш добро заработуваат. Башка и која респектабилна фирма вработува вакви како вратариве? На крај краева, како стојат работиве, дискотекава има потреба од девојкава а не обратно.

Случајов не е од пред десет години, актуелен е, а и сите ќе ги кажам по име. Девојката е Македонија, комшиите (вратарите) се Бугарија и Грција, дискотеката е НАТО, првата личност од пореметувањето се Македонците симпатизери на ВМРО, втората личност се Македонците симпатизери на СДСМ, третата личност се Албанците, четвртата сите останати. Одбраното друштво се политичките елити. Познаниците кои не се дел од дискотеката се Финска, Шведска, Австрија, Малта и Ирска. #СегаКажувам“ 

Коментари

Популарно