Шокантна снимка: Мајка ја продавала невиноста на својата 13-годишна ќерка, а еве колку сакала да заработи на сопственото дете

Мајката, која како што пишува на социјалните медиуми, работи како агент за продажба на недвижнини, била уапсена од полицијата заедно со својата пријателка.

Ирина и нејзината пријателка одлетале од Чељабинск за Москва со малолетната девојка за да ја продадат нејзината невиност на богат клиент за милион и пол рубљи или 19.000 долари. 

Мајката го признала злосторството при испрашувањето, на шокантната снимка која ја објавило Министерството за внатрешни работи на Русија.

"Дојдовме во Москва да запознаеме богаташ кој ќе ни плати за сексуалните услуги на мојата ќерка", рекла мајката.

25-годишната пријателка на Ирина рекла дека целта на патувањето била продажба на правата за првата ноќ со девојчето. Мајката и нејзината пријателка биле уапсени во еден ресторан во Москва.

Таа не знаела дека преговара со полициски службеник за продажбата на невиноста на својата ќерка. Кога ги земала парите, мајката била уапсена. Девојчето било згрижено од властите.

"Ирина Гладкик има и син. Таа и нејзината пријателка заработуваат од продажба на сопствените тела", рекол извор од полицијата, иако Ирина официјално е агент за недвижнини.

Таа исто така била една од натпреварувачките за Мис во Чељабинск.

Коментари

Популарно