Ако ноктите ви растат во месото, ова е вистинскиот спас за вас!

Кога работ на ноктот од страна го пробива мекото ткиво на прстот, тој почнува да израснува во месото до ноктот, а главен виновник за тоа се: тесни и неудобни чевли, неправилно сечење на ноктите, различни повреди, а многу ретко неприродна закривеност на ноктот.

Еве неколку природни начини со кои ќе си помогнете себеси:

1. Направете топла купка за стопала, да ја напарите кожата и ноктите.Може да ја направите со сода (2-3 супени лажици сода бикарбона на 5 литри вода и сол) Температурата на водата да не биде потопла од 37 степени. Ги парите нозете 15-20 минути.

2. Потоа обидете се да го одвоите ќошот од зараснатиот нокт. За да си ја олеснете оваа болна процедура, земете парче фластер и со една страна залепете го добро на бочна страна на прстот покрај зараснатиот нокт, повлечете го на страна и фиксирајте на внатрешната површина на ноктот. Така ноктот ќе стане достапен.

3. Подигнете го ноктот со помош на мало стапче или пинцета и обидете се полека да внесете парче пмук помеѓу ноктот и месото. НАЈДОБРО Е ПАМУКОТ ПРЕДХОДНО ДА ГО НАКВАСИТЕ СО ЈОД, АНТИБАКТЕРИСКА МАСТ И СЛ.

4. Oдоздола ставете газа, третирана со истите средства, и завиткајте го прстот во завој.

5. За 24 часа повторете ја процедурата. Памукот, газата и завојот променете го

6. Повторувајте 12-14 дена

Постепено, ноктот ќе се подигне над мекото ткиво и полека ќе излезе над него.

Како да избегнете зараснување на нокт:

– Ноктите сечете ги од крај до крај и не ја избегнувајте заобленоста на ноктот

– Внимавајте да не ги скратите премногу ноктите

– Откако ќе ги исечете ноктите секогаш да ги поминете со турпија

– Носете удобни чевли

– На пролет и во лето почесто носете сандали и чевли со отворени прсти

На жените не им се препорачува да носат високи кондури односно со висока штикла бидејќи тоа создава притисок на прстите.

Коментари

Популарно