ФОТО: Сопругот ме поддржува кога се разголувам

Една од најзгодните поп пејачки во Македонија, Наташа Малинкова неодамна го сврте вниманието на јавноста кога за време на ракометното првенство објави фотографија на која навива топлес за Македонија.

„Малинкова му ги покажа градите на Столе Стоилов“ беше сосема доволно да придвижи лавина од коментари на социјалните мрежи. Во интервју за „Репортер“ поп-пејачката на шега вели: „Ама и сопругот гледаше со мене, ние сме страсни навивачи, па решивме вечерта страсно да навиваме. Е откако ја објавивме фотографијата, на која навивам топлес, ама сум свртена со грб па реално градите не се гледаа, прочитав сè и сешто за мене“, искрена е Малинкова. Таа вели дека има целосна поддршка од својот сопруг во тоа што го работи, па и кога се фотографира малку разголена или провокативна, сè е тоа во контекст на нејзината музичка кариера.

Коментари

Популарно