"Бараме млади девици кои ја продаваат својата невиност, а за тоа им наплаќаме по 4.300 евра"

Илјадници жени во Русија ја продаваат својата невиност, откако ќе пронајдат богат љубовник по пат на Интернет, според новото истражување. Постои мрежа на специјалисти кои бараат девици за да ги поврзат со богати мажи кои се подготвени да издвојат голема сума на пари за да им ја одземат невиноста.

"Бараме девојки помлади од 19 години. Паметни, убави и шармантни од било кој град на Русија. Им ја плаќаме повратната карта на девојките до Москва". 

Во одредени случаеви, девојките сами објавуваат огласи во кои бараат купувачи за својата невиност.

"Продавам невиност, обратете се во приватна порака. Живеам во Москва, имам 19 години, висока сум 175 сантиметри и тешка 65 килограми", напишла девојка која се претставува како Милана Мерцер.

Меѓутоа некои од нив се одлучуваат на овој потег поради навистина сериозни причини, пишува британскиот Дејли Меил.

"Ја продавам невиноста за да го платам лекувањето на мојата мајка, која боледува од рак", напишала 20 годишната Анастасија, наведувајќи дека потребни ѝ се 4.300 евра, додека пак другите девојки само сакаат на брз начин да стигнат до подобар живот.

"Тука не се работи за проституција. Сакам да запознам богат маж и да имам врска со него", тврди едно девојче. "За да започнеш приватен бизнис, потребни се пари кои не можат да се заработат со обична работа, а во овој случај не мораш да работиш баш ништо", објасна 18 годишната Рита.

Од друга страна пак се изјаснуваат и купувачите кои велат дека купуваат невини девојки, бидејќи сакаат да имаат сопруга која досега не спиела со некој друг. Купувачите понекогаш може да бидат и девојки, односно бисексуалката Ана.

Девојките во просек се платени помеѓу 2.800 и 4.300 евра во зависност од нивниот изглед и старост. Најбарани се девојките кои се на возраст помеѓу 17 и 18 години. Тие исто така мора да покажат доказ од гинеколог дека воопшто немале сексуален однос, а поголемиот број од нив посетуваат пластични хирурзи поради шиење на хименот, така што можат да ја продаваат невиноста по повеќе пати.

Коментари

Популарно