Исповеди: Најлошото нето што сте го чуле при секс

Прочитајте што е најлошото кое допрело до машките уши, како и нивната реакција за постапката на партнерката:

„Внатре ли е веќе?“

- Одговорот беше: ДА! Ова навистина премногу ме здоболе.

„Мислам дека заборавив да се напијам апче за контрацепција!“

- И тоа дури отпосле ми го кажа?! Се разбира, тогаш веќе беше предоцна.

„Почекај малку, веднаш се враќам!“

- Нејзиното „веднаш“ траеше барем 15 минути. Немам поим што правеше толку долго во бањата, но за тоа време ја изгубив сета волја за секс.

„Сврши ли?“

- Очигледно беше дека не. Нејзината изјава сериозно ме повреди, а ни малку не ја олесни ситуацијата.

„Ќе трае ли уште долго?“

- Па, кој после такви зборови би имал волја за секс? Баш беше демотивирачки!

Кога последен пат се истушира?“

- Ова е прашањето кое никој не сака да го слушне за време на секс. Дури ни кога ти го поставува долгогодишната девојка.

„Можеби е доста за денес.“

- Се поднапив, па не бев веднаш спремен за секс. А, нејзината изјава ја уби секоја надеж во мене.

„Само така, Алек...хм, Дејане!“

- Да, мојата бивша девојка изговори погрешно име дури воздивнуваше. И, што требаше да направам?! Секако дека не сме повеќе заедно. Тоа едноставно не можев да ѝ го простам.

„Ништо не чувствувам.“

- Фала ѝ. Тоа беше најлошото нешто кое некогаш ми го кажала една жена.

Коментари

Популарно