(ВИДЕО) Девојче ја кубе, шутира и мава својата мајка: “Чувствувам како ми излегува одзади главата и сака да ја зграби и истепа мама”

Лиса (29) од Бирмингем е самохрана мајка која живее со своите родители и шестгодишната ќерка Деми. Нејзиниот најголем проблем е тоа што Деми има чести изливи на бес, постојано ја тепа и не се плаши од никого.

Кога Лиса ќе ѝ забрани нешто на својата ќерка, таа почнува да ја мава со предмети и да ја удира со раце и нозе, поради што таа побарала помош од својата мајка Шерон. Бабата, во ситуациите на излив на бес делува како тампон-зона со цел да ја одбрани својата ќерка од шестгодишната внука. 

Лиса имала тешко породување, во кое за малку ќе го загубела животот заедно со Деми. Иако Деми често ја тепа својата мајка, таа секогаш се трудела да ја реши ситуацијата и да ѝ удоволи на својата ќерка која страда од биполарно пореметување. Дури и самата Деми е свесна за “лошата Деми која е страшна”.

“Чувствувам како да ми излегува одзади главата и сака да ја зграби и истепа мама. Сакам да ја нема, но едноставно не можам да ја отстранам”, изјавило девојчето. Бидејќи ситуацијата веќе станала сериозна, Лиса побарала психолошка помош од Лаверн Антробус, водителка и детски психолог на ТВ емисијата “Насилно дете, очајни родители”.

Првиот проблем, според нејзините зборови, бил тој што Деми не знаела кој е главниот авторитет во домот – мајката или бабата. Затоа, водителката ја замолила Шерон да не се меша помеѓу нив, бидејќи Лиса мора да пронајде начин како да биде авторитет врз нејзината ќерка. По неколку недели терапија, Лиса научила да биде поотворена и да ги покажува своите чувства. И најважно – таа морала да научи подобро да преговара со својата ќерка со цел да успее да ги спречи нејзините напади на бес.

По шест недели, Деми се променила и успеала “лошата Деми” да ја стави под контрола.

Коментари

Популарно