ФОТО: Со овој Македонец Марија Шерифовиќ остана сама во хотелската соба!

Завчера, сабота, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв концерт во Скопје.

Преполната сала  обожаватели на големата српска музичка ѕвезда, имаше можност да ужива во емотивната и моќна изведба на Марија која направи вистински концертен спектакл.

Нашиот пејач Ристе Ристески, кој победи во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ имаше специјална чест да запее заедно со Марија, а во својата кариера да запише едно големо случување пред најмногу публика за него досега.

Како што е редот, пред концертот Марија беше сместена во еден од скопските хотели, а таму пак не донесе свој тим на стилисти, туку побара стручна македонска стилска помош.

Како и останатите ѕвезди, така и Марија побара шминка и фризура, но секако поразлична од сите останати. Македонскиот стилист Бобан Тодоровски, кој инаку се грижи за изгледот на повеќе македонски пејачки, манекенки, но и останати дами, беше оној на кој Марија ја потпре својата доверба за изгледот.

Таа од него побара да и направи „nude“ шминка, односно само да го дефинира нејзиното лице, без ружеви, маскара,кармин… „ Без шминка“ напиша стилситот во описот на фотографијата каде се заедно во хотелската соба.

Марија е посебна во се, па и во шминкањето, а Бобан професионално си одговори на предизвикот.

Коментари

Популарно