(ВИДЕО) Џиџи Хадид и Луис Хамилтон се заедно?

Не помина ни една недела откако Џиџи Хадид и Зајн Малик соопштија дека раскинале, а британските медиуми веќе ја поврзаа убавицата со друг маж.

Овој пат во прашање е ѕвездата на Формула 1 Луис Хамилтон, кој најверојатно бил со манекенката и во 2015 година.

Многу се поврзани – рече изворот, не откривајќи ги деталите од нивниот однос. Џиџи најверојатно веќе разменува пораки со Хамилтон.

Џиџи и Луис од неодамна снимаа реклама за бренодт Tommy Hilfiger и од тогаш почнаа да флертуваат со СМС пораки.

Извор близок на двајцата откри во медиумите дека меѓу нив постои неверојатна хемија.

Коментари

Популарно