Скандал го тресе Холивуд: Додека Клои Кардашиан чека да се породи, нејзиното момче фатено како се бакнува со друга девојка

Кошаркарот се појавил во клуб со пријателите и мистериозната девојка, од која не се одвојувал во текот на целата вечер.

Клои Кардашиан во секој момент би требало да се породи, поради што тоа овој скандал добива една сосема поинаква димензија.

Имено "Daily Mail" објавил ексклузивни снимки од еден клуб на кој се гледа како таткото на детето на Клои, Тристан Томпсон, се бакнува со непозната девојка во клуб.

На снимката Тристан носи дуксер со качулка преку главата, а иако не може да му се види лицето, на другите фотографии се гледа дека тоа е облеката која ја носел таа вечер во истиот клуб во Њујорк. Непознатата девојка со долга, рамна, смеѓа коса прво разговара со Томпсон, а потоа се приближуваат еден до друг, па дошло до бакнеж.

Меѓутоа, и жената која ги снимила дала изјава дека дефинитивно станува збор за кошаркарот.

"Бев таму, тој седеше на масата покрај нас со група пријатели и некоја девојка со која отворено се бакнуваше цела вечер. Се бакнуваа и се беше многу очигледно", рекла таа.

По повод на целата оваа ситуација, "TMZ" ја искористил шансата да ја објави снимката од безбедносните камери од 7. октомври 2017. година, кога Кардашиан била во третиот месец од бременоста, а на неа се гледа како Тристан прегрнува една жена, додека со друга се бакнува.

Со тоа сакале да ја прикажат реалната слика за Тристан, кој очигледно има проблем со тоа да биде верен, и покрај фактот што во секој момент треба да стане татко.

Томпсон и Клои уште не се огласиле по повод овој случај, но многумина сега потсетуваат на Џордан Крег, мајката на 5-месечниот син на Тристан, со која раскинал додека била бремена, бидејќи наводно започнал врска со Клои.

Коментари

Популарно