ВИДЕО: Девојката што ја приведоа за пушење марихуана на улица во Скопје, повторно објави такво видео

Новинарката Моника Ристеска позната како Конопова, која пред неколку дена беше приведена затоа што пушеше марихуана по скопските улици,  повторно се снимаше како пуши марихуана, но овој пат во нејзиниот дом.

-Дома дозволено е?

Тоа е прашањето кое го наметнува и додава дека “богохулие е да го забраниш ова најлековито растение“.

-Пред секоја употреба медицинска, рекреативната употреба е превентивна, вели Моника во краткото видео обраќање на нејзиниот профил на Фејсбук.

Моника беше приведена пред два дена откако се имаше самата снимено како пуши марихуана по улиците на Скопје.

Полицијата за кратко време ја пушти, а таа реагираше дека е приведена без да има никаква законска основа. При претрес во нејзиниот дом не била најдена марихуана, што е казниво по законите кои се на сила во Македонија.

Коментари

Популарно