ФОТО: Дознала дека сопругот ја изневерува - му оставила писменци и...

Додека сопругот бил на службен пат, таа дознала дека ја изневерува. Сопругата го „поздравила“ со ова:

До мојот сакан сопруг,

Пред да се вратиш од далечниот пат, сакам да те известам за една малечка незгода што ми се случи со пик-апот кога паркирав на патчето пред гаражата. За среќа не беше многу лошо и не сум повредена, па не грижи се за мене.

Си доаѓав дома од Волмарт и кога завртив во патчето пред гаражата, случајно нагазив на гаста наместо на кочницата. Вратата од гаражата е малку свитката, а пик-апот, за среќа застата кога удри во твојот автомобил.

Навистина ми е жал, но знам дека ќе ми простиш поради твојот благороден карактер. Знаеш колку многу те сакам и се грижам за тебе, срце мое. Еве ти испраќам и фотографија.

Едвај чекам да те гушнам.

Твојата сакана сопруга.

П.С . Се јави и те побара твојата љубовница.

Во прилог, му ја испратила и следната фотографија

Коментари

Популарно