Серија навреди на Саманта Маркл кон мајката на Меган и кралското семејство

Во серијата објави на Твитер, таа ги навредувала членовите на кралското семејство, како и мајката на Меган, Дорија Маркл, пишува британски Мирор.

На Твитер таа прво го споделила линкот со сатиричната приказна во која пишува дека пријателите на Меган се ставени да седат со болни хабсбуршки роднини.

„Тие се како семејството Адамс, само со милијарда долари“, напишала Саманта.

Потоа својот гнев го насочила кон мајката на Меган, која за кралската венчавка, седела сама на клупа. „Не мисалм дека го украла целото внимание. Мене ми изгледа како хокејаш во боксот за казна“, напишала таа.

Саманта која до неодамна го користеле презимето Грант, е позната по критиките кои ги носела на сметка на нејзината помлада сестра, а нејзината мајка Дорија ја обвинила дека ја искористила венчавката на ќерка и за да се збогати. Корисниците на социјалните мрежи остро реагирале на изјавите на сестрата на Меган Маркл.

Во некои од коментарите може да се забележат и молби до медиумите да не и даваат премногу простор за тоа.

Коментари

Популарно