Боја на косата според тенот на кожата?

Тенот и бојата на очите се пресудни за тоа која боја на косата најдобро ви прилега, совети од професионалниот фризер Снежана Николовска

Секоја жена помислува за промена на бојата на косата. Која нијанса да ја одбере, каква фарба да користи. Да ја осветли или затемни бојата на косата? Дали сака да ги прикрие белите влакна или, пак, сака комплетно нов изглед?

И без разлика дали сте храбри со боите или бирате неутрални тонови, секогаш е најдобро да се посоветувате со професионален фризер. Косата е најубавиот и најпривлечниот дел од женското лице, која прави да се чуствувате пријатно и секси.

Сепак, многу жени сеуште не знаат кои тонови и нијанси на боја одговараат на нивниот тен, и ова не се однесува само на младите девојки – и поискусните често не се сигурни па со години се држат до една нијанса, а уште полошо, некои од нив со години се држат до погрешната нијанса!

Менувањето на бојата на косата е убав начин набрзина да си го промените имиџот. Секако, тоа не значи дека секоја боја е соодветна за вас.

Ама, надвор е пролет а ние сме инспирирани за шаренило, па можеби е вистинското време за промена да ги погледнете овие совети за тоа кои бои и нијанси на фарби за коса одговараат на вашиот тен:

Каква боја на коса да одберете ако имате светол тен?

Светлите, а тука спаѓаат и оние “порцелански” тенови, бараат природни тонови, на бејби плава, или сребрено плава со пастелни рефлексии и нежни нијансирања со бела бисерна боја. Но не и премногу боја, бидејќи може да го одземе целото внимание и премногу да “дречи”. Нежните нијанси добро одговараат на овој тен, а ако сте расположени за нешто похрабро, може и посилни нијанси.

Ако имате маслинест тен!

Вие сте за храбра црвена или возбудлива бордо боја. Тие ќе направат сечија глава да се сврти кога ќе влезете во просторијата. Секако најдобро е да се посоветувате со професионалец.

За оние со темен тен?

На девојките и жените со потемен тен најубаво им стојат потемните нијанси, лилавите нијанси или боја на вишна. Бидете подготвени за комплиментите што следуваат!

Важно е да направите контраст меѓу бојата на вашиот тен и косата. Немојте да избирате бои кои се исти на вашиот тен. Правилно е да изберете боја која е во сродна фамилија со бојата на вашиот тен.

Изборот на вистинската боја на коса не е лесна работа. Треба да се зема предвид бојата на кожата, на очите, текстурата на косата и карактерот. Можеби ги сакате оние светло руси коси или пак „даркерски“ црни, но тоа може да резултира со изгорена коса, губење на специфичните карактеристики на вашето лице или пренагласување на некои кои не треба да се толку потенцирани.

Доколку не сакате да ризикувате, препорачливо е да експериментирате со 2-3 нијанси посветла или потемна боја на коса од вашата природна.

И ако се уште не можете да се одлучите која боја на коса ја сакате јавете се во студио Грејс (071 327 049) ќе ги добиете  најдобрите совети!

Коментари

Популарно