Што е мал паенис и како да и пружите задовоство на секоја жена со помал алат?

За почеток да утврдиме – Мал пенис се смета оној пенис кој во ерекција е пократок од 9 сантиметри, а просечната големина на пенисот во ерекција изнесува помеѓу 13 и 15.7 сантиметри.

Но, не е потребно да очајувате, експертите советуваат како можете и себеси и на вашата партнерка да ѝ пружите задоволство за кое и двајцата сонувате. Благодарение на некои техники и позиции, тоа нема да ви биде скратено.

Пред пенетрацијата

Сексот е многу повеќе од самата пенетрација и поголемиот дел на мажите се свесни за предноста на предиграта. Мажите со мал пенис за време на предиграта треба да посветат уште поголемо внимание сѐ додека партнерката не биде потполно возбудена. Што е поблиску до оргазмот, толку ќе биде полесно да се започне со пенетрацијата и да се доведе до оргазам.Предиграта треба да вклучува сѐ и сешто во коешто партнерката ужива. Бакнувањето и допирите се додатни помагала на возбудувањето, а ако сте склона кон секси играчки, уште подобро! Пружете ѝ сѐ што некогаш сакала. Остварете ги нејзините фантазии.

Стимулација на клиторисот

Пред сексот позабавувајте се со нејзиниот клиторис било тоа да било орално или "рачно", погрижете се да се возбуди пред самата пенетрација. После тоа ќе бидете спремни за испробување на идеалните пози.

Најдобри секс пози

Доги поза

Кога оваа поза се изведува правилно, жените го чувствуваат и најмалиот пенис како голем. Нека партнерката се смести удобно така што главата и рамената ќе ѝ бидат на перницата, а задникот што повисоко. Ова е една од најпоуларните пози! За време на оваа поза треба што повеќе да се наведнете до нејзините раменици, така ќе осигурате уште поголемо чувство на интима.

Змија

Жената лежи на стомак со споени нозе, а поради поголема удобност може да стави перница под стомакот за нејзиниот задник да биде уште поиздигнат. Потребно е мажот да ги рашири своите бутови за да овозможи пенетрација и да пази за време на односот целата тежина да не се спушти на телото на партнерката.

Зајачки уши

Партнерката лежи на грбот со перница под задникот, бутовите и се раширени, а нозете ги повлекува кон неа така што колената да бидат што поблизу до ушите. Оваа поза им овозможува на мажите длабока пенетрација, а на жените им дава можност и сами да мастурбираат.

Коментари

Популарно