Кај нас за промена на името, кај нив ЖЕЖОК референдум!

Жените од едно село во близина на Барселона се изборија да можат топлес да одат на јавен базен. Жените од селото Ламетља дел Ваљас изгласаа со 61 отсто дека на базен може да доаѓаат во топлес. Право на глас имаа жените постари од 16 години, а од нив 379 излегоа на гласање.

Гласањето го организира локалната Каталонија, па резултатот е правно легален.

Жителките на ова село одлучија дека треба прашањето со топлес да го решат со гласање, бидејќи минатата година две жени биле натерани да облечат горен дел од костимот за капење.

Случајот поттикна протест кај селаните, кој во знак на поддршка на базенот доаѓаа во горен дел од костими за капење на кои беа исцртани брадавици.

Селото има 8.000 жители и оддалечено е 35 километри северно од Барселона.

Коментари

Популарно