ФОТО: Порака до парот што ме исмеваше на плажа во Грција

Фелисити Хауард е плус сајз модел и основачка на движењето „Self Love Brings Beauty“ и постојано преку медиумите и социјалните мрежи испраќа порака дека мора да бидете позитивни кон своето тело и да го сакате без разлика во која форма и големина е тоа.

Неодамна таа откри дека била исмевана од страна на еден пар на плажа за време на нејзиниот летен одмор во Грција кога носела црни танга бикини.

Таа прикачи фотографија од себе во ова издание и испрати порака до нив:

„До парот кој седеше на плажата и ме исмеваше на глас и правеше фотографии од мене додека јас и моите пријатели уживавме безгрижно во бикини на плажата - ќе стојам пред вас 15 минути и ќе ви дозволам да ги направите тие фотографии затоа што моето тело е подеднакво вредно, како и вашите. Само затоа што имате тонирани тела не значи дека сте вредни за почит. Споредбата е крадец на среќата, затоа ќе го живеам најдобро што можам животот, а вие може само да продолжите да се справувате со вашите несигурности“.

Таа потоа прикачи уште една фотографија од себе на која напиша: „Стриите се секси“ и доби низа коментари за поддршка.

Инаку, Фелисити е еден од најуспешните плус сајз модели во моментов.

 

A post shared by Felicity (@felicityhayward) on

Коментари

Популарно