ФОТО: Порака до парот што ме исмеваше на плажа во Грција

Фелисити Хауард е плус сајз модел и основачка на движењето „Self Love Brings Beauty“ и постојано преку медиумите и социјалните мрежи испраќа порака дека мора да бидете позитивни кон своето тело и да го сакате без разлика во која форма и големина е тоа.

Неодамна таа откри дека била исмевана од страна на еден пар на плажа за време на нејзиниот летен одмор во Грција кога носела црни танга бикини.

Таа прикачи фотографија од себе во ова издание и испрати порака до нив:

„До парот кој седеше на плажата и ме исмеваше на глас и правеше фотографии од мене додека јас и моите пријатели уживавме безгрижно во бикини на плажата - ќе стојам пред вас 15 минути и ќе ви дозволам да ги направите тие фотографии затоа што моето тело е подеднакво вредно, како и вашите. Само затоа што имате тонирани тела не значи дека сте вредни за почит. Споредбата е крадец на среќата, затоа ќе го живеам најдобро што можам животот, а вие може само да продолжите да се справувате со вашите несигурности“.

Таа потоа прикачи уште една фотографија од себе на која напиша: „Стриите се секси“ и доби низа коментари за поддршка.

Инаку, Фелисити е еден од најуспешните плус сајз модели во моментов.

 

A post shared by Felicity (@felicityhayward) on

(ВИДЕО) 10 работи кои скоро никој не може да ги направи со своето тело

Како деца, во период кога го запознаваме своето тело, дознаваме што се можеме да направиме со рацете, нозете, прстите, јазикот…

Ако во детството сте биле палаво дете и навистина сте правеле хаос, сте се качувале по дрвја и слично, ќе ја разберете снимката подолу.

Еве кои работи поголемиот дел од луѓето не можат да ги направат со своето тело, затоа што не се доволно еластични.

Колку чини ескорт-девојка во Скопје, Битола, Кичево, Кавадарци?

Ескорт сервисот и ескорд-девојките, не се ништо ново кај нас, ниту во светот.  Повеќе онлајн сајтови како што се brothels in the world, escort girls news и други нудат ескорт придружба во повеќе градови низ Македонија како што се Скопје, Битола, Кичево, Кавадарци и други.

На овие сајтови има фотографии од девојките на кои вообичаено им е прикриено лицето, детален опис на нивните физички предиспозиции, како и листа на сексуалните услуги кои ги даваат, како и контакт телефони.

Цената се движи од 150 евра за час до 1.000 евра за 12 часа.

Ве каснал комарец? Еве како да се решите од досадното чешање

Ако ви се случи во текот на топлите летни вечери да ве касне комарец, еве што можете да направите за да се решите од досадното чешање и црвенилото на местото на убодот.

Првото решение во тој случај е мразот. На местото каде ве каснал инсект ставете коцка-две мраз, бидејќи ладните облоги ќе го „заледат“ нервот, со што чешањето и пецкањето ќе се смират.

Второто решение е местото на каснување да го истриете со мед или лимон и болката ќе исчезне. Содата исто така помага во овој случај, бидејќи содржи алкална компонента.

Можете да ставите и малку паста за заби, затоа што таа ја лади кожата и го ублажува чешањето. Босилекот е исто така од помош, со оглед на тоа што содржи тимол и камфор кои го намалуваат пецкањето, па лист од ова ароматична билка ставете директно на убодот.

Популарно