Исповед на Милена: Се мажам за грд и досаден маж!

Милена одлучила да се омажи за човек кого го смета за грд. Вели дека никогаш не би го погледнала на улица, затоа што не е нејзин тип. Иако се срами да го претстави во јавност, се мажи за него затоа што и обрнува многу внимание.

“Се мажам за човек, кого претходно не би го ни погледнала на улица. Не е воопшто убав, висок е како јас на високи потпетици, не е нешто посебно интересен, но ме гледа како како Бог. Го имам сето негово внимание и знам дека се би направил за мене. Се одлучив да бидам во врска со него од погрешни причини, но како е, така е! Тој знае дека девојка која изгледа како јас нема никогаш повторно да има, му одговара што се зборува дека ја има најдобрата девојка во друштво а јас… Јас поминав доволно, и мангупи и фраери и се е тоа убаво но овој е за брак.Нема да ме изневерува, затоа што освен мене имал една девојка за која јас сум авион X3,. Тој е добар човек, добро финансиски обезбеден( неговите имаат своја фирма).

Нема да лажам дека го засакав како момче/маж, го сакам како личност која е добра кон мене, а научив да го истрпам, да ја проголтам својата гордост, да лажам дека ми е прекрасно со него и сето тоа поради фактот дека сакам СИГУРНОСТ во текот на својот живот. Едноставно не сакам да се мажам за овие многу посакауваните затоа што знам дека премногу бракови пропадна, мажот нашол помлада, а жените од 35-40 години остануваат сами”.

Коментари

Популарно