Груби: Жалам за Саздовски, но...

Пратеникот на ДУИ и поранешен член на навивачката група „Шверцери“ од Чаир, Артан Груби изрази сочувство до семејството и пријателите на Никола Саздовски-Саздо (21), кој почина откако брутално беше претепан на улица во скопската населба Автокоманда. 

„Сочуство до семејството и пријателите на починатиот млад човек кој што денес подлегна на повредите по физичката пресметка пред неколку дена.

Жалам што толку голема трагедија се злоупотребува на нај канибален начин од страна на многу луѓе на социјалните мрежи потикнувајќи хистерични реакции и лажни вести.

Ниту политиката, ниту етничноста, а уште поммалку јас или ДУИ имаме било каква врска со овој случај.

Немојте да им го убивате младиот по втор пат на семејството за вашите политички потреби, оставете ја правдата да го каже своето.“

Коментари

Популарно