ФОТО: Хурем Султан на одмор на Балканот

Убавата актерка со турско потекло Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“ реши да ги наполни батериите со летување на Балканот.

Узерли заедно со нејзините пријателки го одбра Дубровник како место за годишен одмор, а таа е една од многуте познати личности кои летово, како и изминатите години ја бираат Хрватска како дестинација за летување.

Инаку, актерката Мерием Узели живее еден сосема нормален живот доста поразличен од оној на познатите.

Ќерката Лара ја одгледува сама, а со своите обожаватели постојано споделува фотографии од приватноста. За време на бременоста минуваше низ драма поради која беше во тешка депресија.

Поради здравствената состојба мораше да ја напушти и серијата, а по бројните физички напади од партнерот Џан Атеш, се обиде и да се самоубие.

Денес се тоа е зад неа и вели дека е сосема обична и нормална млада жена на која не и е важно материјалното, туку спокојот и мирот кој го има со ќерката.

Коментари

Популарно