(ВИДЕО) Алберт Муслиу и Солза Грчева во „Само вистина“

БИСЕР. Денес, среде сивилото кое го живееме, имав можност да слушнам барем еден бисер. Го чув во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Алберт Муслиу (аналитичар, експерт и уште понешто) децидно изјави дека денес, во современиот свет, постојат само неколку апсолутно суверени држави, додека другите тоа не биле. Ако е така, ако тоа соодвествува на фактите, тогаш следат барем следниве нешта. (1) Враќање на старата теза/доктрина на Леонид Брежњев (некогашниот прв човек, на некогашниот СССР) за ограничен суверенитет. Имено, токму во името на оваа доктрина СССР, заедно со четирите братски земји (Бугарија, Унгарија, Полска и Источна Германија/Демократска Република Германија) ноќта спроти 21.08.1968. воено вмаршираа во Чехословачка за да ја бранат Чехословочка од Чехословачка. Повикот/поканата беше дојден од здравите (односно, „здравите“) сили во Чехословачка. Така, во името на теоријата за ограничен суверенитет, беше целосно суспендирана слободата во таа земја. (2) Тезата за ограничен суверенитет, самата по себе, е смешна, бидејќи она што е суверено не може да биде ограничено, додека она што е ограничено не може да биде суверено. Кој не верува во ова нека консултира било кој толковен речник и ќе сфати дека суверено е синоним за она што е над, за она што е највисоко, неограничено итн. Значи, станува збор за contradictio in adjecto, односно за противречност во поимот. Или, што е слично, за нонсенс или за оксиморон. Тоа му доаѓа како дрвено железо, гласна тишина или паметна глупост. (3) Ако во стварноста навистина се суверени само неколку држави, тогаш неопходно е мало потсетување на Хегеловата забелешка: „Дотолку полошо по фактите.“ Така, во духот на Хегел, изминува денешниот ден – „Дотолку полошо по фактите!“

Кликни тука за повеќе: Цуцуловски за бисерот на Муслиу за суверените држави

Коментари

Популарно