ФОТО: Џенифер Лопез во шик Гучи фустан

За Џенифер Лопез нема пауза. Додека активно се подготвува за настапот на MTV VMA, музичката ѕвезда со стилски изглед привлекуваше погледи во Њујорк.

49-годишната пејачка и актерка избра фустан од твид од модната куќа Гучи за нејзиното излегување со саканиот Алекс Родригез. Модерниот стајлинг таа го надополни со обувки од Џанвито Роси и чанта од Шанел.

На годинешните MTV VMA, Лопез ќе биде почестена со „Michael Jackson Video Vanguard Award“, награда која им се доделува на личности со особен придонес во музиката и филмот.

Коментари

Популарно