(ФОТО) Елена Велевска по распаднатиот брак: Или ќе бидеш некој или...

За пејачката Елена Велевска месец август беше доста бурен кога е брачниот живот во прашање, но барем во јавноста за брзо време спадна „прашината“, а Елена како силна жена не дозволи да се поремети нејзиниот тек во животот и професијата.

Пред некое време беше на одмор во Грција, каде освен опуштањето, изработи и една фотосесија на која изгледа одлично, а некои од обожавателите и дадоа епитет дека е нимфа.

Во костим за капење во пудра нијанса, Велевска го истакна своето згодно тело, а притоа напиша дека има и јасен поглед:

-Жените со став на многумина ќе им изгледаат препотентно и недостижно. Но, во животот или имате цел да бидете некој или оставате другите да ве разубедат дека сте никој, истакна пејачката.

Коментари

Популарно