ФОТО: Контроверзниот глумец уловен во друштво на мистериозна русокоса

Том Круз не бил во сериозна врска од 2012 година кога се разведе од Кејти Холмс. 56 годишниот глумец неодамна е уловен во друштво на мистериозна русокоса.

Том Круз зад себе има три неуспешни бракови, но од љубовта не се откажува. Неодамна е зебележан во Лос Анџелес во друштво на непозната русокоса во опуштено издание, но поблиски извори до глумецот тврдат дека станува збор за неговата асистентка. 

Со оглед на тоа дека глумецот не бил во сериозна врска од 2012 година, откако се разведе од Кејти Холмс, со која ја има 12 годишната ќерка Сури, секое негово појавување во јавност со некоја дама предизвикува голем интерес кај јавноста.

И додека Том овој период е зафатен со снимање на нови филмови, неговата поранешна сопруга Кејти Холмс ужива во новата љубов со глумецот Џејми Фокс со кој е во врска 5 години.

Коментари

Популарно