Ова е имотот кој го поседува Вики Миљковиќ

Пејачката Вики Миљковиќ наводно станала сопственичка на три луксузни станови во елитната населба „Белград на вода“.

Како што наведува изворот близок до пејачката до нова година ќе се пресели во становите кога ќе заврши уредувањето на внатрешноста за кои ги ангажирала најдобрите архитекти.

Во заедничкиот стан кој има 150 квадратни метри се ќе биде по желба на пејачката, а она што е најинтересно поврзано со терасата е тоа дека на истата со поглед на Белград ќе има големо џакузи.

Пејачката и претходно велела дека сака да вложува во недвижности, така да нема сомневање дека со сопругот и синот Андреј ќе уживаат во новиот семеен дом.

Коментари

Популарно